Пронаоѓачот на фосфатниот цемент, Др. Ото Хофман уште од крајот на 19 век ја одредил до ден денес важечката мисија на компанијата „Висококвалитетни стоматолошки продукти во масовно производство за да им бидат достапни на многу луѓе кои сакаат да добијат професионална стоматолошка нега“. Во 1909 г. неговиот стремеж за квалитет бил награден со сребрен медал на петтиот интернационален FDI конгрес во Берлин.
Втората генерација на оваа фамилијарна компанија уште повеке ги подобрила квалитетните стандарди. Дитберт Хофман, како одговорен за производството и генерален директор на фирмата, учествувал во многу национални и интернационални собири за креирајне на индустриски стандарди на квалитет во производството на стоматолошките продукти од 1967 па наваму. Денеска сите стандарди се собрани во ISO/TC 106 Dentistry каде Hoffmann Dental Manufaktur е сеуште активен член.
Менаџмент систем за квалитет ефект во денешнава компанија, бил оформен во 1995 г. од денешниот генерален директор Тобиас Хофман. Блиско надзорство над целиот процес на производството гарантира најквалитетни состојки и висококвалитетни финални продукти. За Hoffmann Dental Manufaktur законските стандарди, особено законот за материјали и медицински помагала, се минимални и ниски стандарди. Богатото искуство на вработените и свеста за квалитет на секоја индивидуа во компанијата се моторот кој го движи секојдневното подобрување на стандардите за квалитет на оваа фамилијарна компанија.