de_otto_hoffmann_dental_Manufaktur_inventor

Хемичарот и основач на фирмата, Др. Otto Hoffmann


 
 
Др. Ото Хофман бил роден во 1854 год. како Карл Франц Ото Хофман во малото градче Еисдорф кое се наоѓа на крајот на регионот Харц. Неговиот татко бил градоначалник на ова градче но заработувал пари од фармерство и одгледување на коњи. Ото бил единственото дете од фтората жена на татко му. Кога имал 10 години, фамилијата Хофман се преселила во Хале, каде послем смртта на татко му Ото почнал да учи на Франке Фондациското училиште. И покрај финансиските проблеми тој продолжил да студира во Берлин и Лајпциг и во 1878 го завршил докторатот во Вурцбург на тема „влијанието на цинкот и иодиналилот врз ацетил-ацетатот и диетил-ацететил-ацетатот“.

сличен на тој одRostaing de Rostagni , кој го чувал рецептот само восебе и послем неговата смрт,рецептот исчезнал.

Ото Хофман почнал со барање на решение за овај проблем и не само што пронашол формула слична на таа од Rostagni туку и квалитативно подобра. Послем тоа, тој конечно се стационирал во Берлин каде заедно со својот пријател формирале компанија за производство и продажба на цинк фосфатен цемент.

Продуктот многу брзо пронашол благодарни потрошувачи во целиот свет и фирмата до почетокот на првата светска војна уживала монопол. Др. Хофман пронашол уште многу други продукти за стоматолошката медицина, но Фосфатниот цемент е неговиот најдолготраен пронајдок.

Работата на овај пионер на стоматолошката индустрија живее и денес, во продуктите кои го носат неговото име, Hoffmann´s.

 

 

 

otto_hoffmann_dental_Manufaktur_inventor_2

Космополит, љубител на уметност, и фамилиарен човек.

Ото Хофман обожавал да патува. Тој го посетил светскиот саем во Париз во 1900 г. и во 1903г. и се приклучил на една научна експедиција на Spitzbergen со бродот Auguste Victoria. Него го привлекувале не само големи далечини туку и восоки височини.

Како член на Берлинското здружение за воздушно патување, тој учествувал во повеке летови со балон на топол воздух. Неговите планински екскурзии го доведиле до највисокиот врв на Алпите.

На еден Бал на Берлинската Алпинска Асоциација во 1904г. Ото ја запознал неговата најголема љубов, 28 години помладата Луси Штегер. Тие се венчале во Јули наредната година во новоосветената Берлинска Катедрала. Тие имале три деца: Хелмут (1906), Ингеборг (1909) и Дитберт (1916). Како покровители и колектори на уметнички дела тие заедно посетиле многу изложби на Berliner Secession.

 

 

otto_hoffmann_dental_Manufaktur_inventor_3
Нивната престижна вила била дизајнирана од берлинскиот архитект Лудвиг Оте а градината од Десавскиот градинар Ханс Халерфорден. (Куќата и градината денеска се заштитени зо законот за знаменитости)

Љубовта на Ото Хофман за уметност придонесла за неговата музичка страна, свирење на пиано. Тој свирел секој ден по три часа во неговата музичка просторија. Неговиот син, Дитберт, се сеќава кога бил мал често седел под гранд пианото и го слушал татко му како свири.

Најголема страст на Ото Хофман сепак останала работата како хемичар на која останал посветен се до својата 83 година. Кога починал во 1938, голем собир на ожалостени лица го испратиле до неговиот вечен дом, гробиштата Dahlemer Waldfriedhof.